• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, јули 14, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Оревот е чувар на здравјето

октомври 16, 2015
in Uncategorized

Од аспект на народната медицина, оревот како природен лек ја симболизира интелектуалната сила од причина што во неговата цврста лушпа слична на череп, се наоѓа плод кој со својот браздест изглед потсетува на мозок. Од друга страна, науката ни кажува дека плодовите на оревот се богати со омега-3 масни киселини неопходни за здраво функционирање на мозокот.

orev 1

Извор на витамини и минерали. Овој јаткаст плод е богат со магнезиум и со омега-3 масти. Освен тоа, доколку јадете ореви нема да ве мачи несоница, ќе го намалите ризикот од болести на срцето, од добивање канцер, дијабетес и Алцхајмерова болест. Оревите се богати со алфа-линоленска киселина  и го штитат организмот од стерс и од ослабување на имунитетот.

Есен  е вистинското време. Плодовите на оревот стануваат зрели кон крајот на септември. Со оглед на тоа што можат долго да се чуваат, достапни се преку цела година не губејќи од  квалитетот. Здравиот плод мора да има светлокафена боја, соодветна тежина и да нема расипана миризба. Ова овошје изобилува со витамини, минерали и антиоксиданси. Со редовна консумација го подига нивото на добриот холестерол во крвта, а го намалува лошиот, се поттикнува концентрацијата, помнењето и генерално, оревот претставува идеална храна за мозокот.

Млади плодови. Зелените плодови содржат  големи количества витамин Ц и јод, а традиционалната медицина  најчесто ги препорачува во лекување на штитната жлезда како составен дел од ликерот кој се приготвува од оревот. Освен тоа, овој народен лек благотворно делува врз желудникот и ја зајакнува крвта. Зелените плодови се берат во мај и јуни, а чајот од листовите на оревот се препорачува за чистење на крвта, за јакнење на организмот, за поттикнување на варењето на храната, за испирање на воспалителни рани, против чирови и бубуљици, за исплакнување на очите и усната шуплина итн. Оревовото масло ја штити кожата од сонце, а благотворно делува  против изгореници и за зајакнување на косата.

Рецепт

desert

Мафини од ореви и кафе

Состојки:

100 гр. путер

100 гр. шеќер

100 гр. брашно

1 лажичка прашок за пециво

2 јајца

100 мл. вода

25 грама ореви пресечени на пола

12 ореви за украсување

малку сол

За прелив:

200 мл. маскарпоне сирење

2 лажички шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и поставете ја преградната жица на средина. Калапите за мафините обложете ги со корпички а потоа сварете 4 лажички од инстант кафе во 100 мл. вода и оставете да се излади. Матете ги путерот, брашното, шеќерта и јајцата со кафето и додајте малку сол се додека не добиете кремаста смеса. Потоа, додајте ги пресечените ореви и смесата нанесете ја во калапите. Печете 20 минути, потоа оставете ги мафините неколку минути да се изладат во калапите па извадете ги. Во голем сад помешајте го маскарпонето со 2 кафени лажички шеќер и изматете ги. На секој мафин ставете го преливот, а потоа украсете го со половина орев на врвот. Овие колачи се највкусни кога преливот е ладен, па ви препорачуваме претходно да го ставите во фрижидер. Доколку не ги чувате на ладно, мафините ќе траат најмногу 2 дена.

Извор: 365.com.mk 

Посетеност: 137
Share
Previous Post

МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР ДОБИТНИК НА НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА УМЕТНОСТ И КУЛТУРА

Next Post

„Мојот живот,мојот свет“: Вили Котовски

Next Post

„Мојот живот,мојот свет“: Вили Котовски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 137

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk