• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јуни 28, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Откриен нов гигантски вирус во Сибир

септември 18, 2015
in Занимливости

Mollivirus sibericum има навистина големи димензии – долг е дури 0.6 микрони, што значи дека е видлив и низ обичен оптички микроскоп.

На североистокот од Сибир е откриен нов џиновски вирус кој го носи името Mollivirus sibericum. Според проценките на научниците, тој во мраз поминал 30 илјади години. Ова е веќе четврти вирус кој од 2003 година е пронајден на овој терен. Северна Евроазија крие и голем број други опасни откритија.

Вирусот го открија руските научници од Институтот за физичко-хемиски и биолошки проблеми на педологијата од Московската област. Сега тие заедно со Францускиот национален истражувачки центар работат на понатамошно „оживување“ на вирусот и на развој на овој проект.

Благодарение на што во Mollivirus sibericum се сочувани примероци на ДНК, научниците веќе успеаја со новиот вирус да заразат неколку амеби. „Проучувањето нови вируси и пронаоѓање методи ќе ни овозможи ситуацијата да ја држиме под контрола“, смета познатиот руски вирусолог Шчелканов. „Глобалното затоплување кое не може да се запре и кое предизвикува топење на мразот на Арктикот, порано или подоцна ќе доведе до несакани последици, така што е подобро за нив да дознаеме навреме“.

Во текот на последниве неколку години во северна Евроазија се откриени 24 до 28 нови видови вирус. Речиси половината од нив се откриени на арктичките острови и во крајбрежниот појас, во Баренцовото море и во Тихиот океан, вели за „Руска реч на македонски“ Шчелканов. Спорд него, сите тие се мина со одложено дејство.

„Денес интензивно се проучуваат и старите предизвикувачи на инфекции кои се изолирани во советско време во рамките на големата програма за мониторинг на опасни вирусни инфекции. Во тоа време не постоеле ефикасни методи за нивно проучување, така што тие биле конзервирани на ниски температури во државната колекција вируси“, објаснува Шчелканов.

Најдлабоките дупки на териториите на кои владее вечна зима, кои се вистинска ризница за вируси, се наоѓаат во Русија, во Јакутија и на Колскиот полуостров. Истиот руско-француски тим во 2013 година откри еден друг џиновски вирус – Pithovirus sibericum.

Засега не се знае колку овие вируси се опасни за човекот. Mollivirus sibericum има над 500 гени, а мегавирусот Pandoravirus има 2.500 гени, додека вирусот на грипот од типот А нема повеќе од 11 гени. Но, според мислењето на стручњаците, тоа не може да биде показател колку некои вируси се опасни. „Вирусите се внатреклеточни паразити и поефикасни се кога имаат помал број гени“, објаснува Шчелканов.

Ивор: Руска реч.мк 

Посетеност: 99
Share
Previous Post

МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ: ИНДИРА КАСТРАТОВИЌ

Next Post

ЗАПОЧНА 36. ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА „ БРАЌА МАНАКИ“ ВО БИТОЛА

Next Post

ЗАПОЧНА 36. ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА „ БРАЌА МАНАКИ“ ВО БИТОЛА

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 99

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk