• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јуни 28, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Паметната четка за заби ќе ги открива проблемите со срцето

јануари 8, 2018
in Занимливости
Паметната четка за заби ќе ги открива проблемите со срцето

Шпанските научници внимателно работат на развој на паметна четка за заби која ќе може да детектира рани симптоми на одредени здравствени проблеми, и така конечно да ја спречат евентуалната прерана смрт од срцеви заболувања. За што станува збор?

Имено, развиена е паметна четка за заби која зема брисови од устата и потоа прецизно ги детектира промените во организмот кои упатуваат на потенцијално откажување на срцето.

Кардиологот Алваро Марко дел Кастиљо, кој работи заедно со тим на научници на изработката на оваа четка, вели: “По пат на собирање на информации за бројот на срцеви отчукувања, крвниот притисок и со биолошките примероци од устата, може да се спречи развојот на опасните болести и да им се помогне на луѓето да водат сметка за своето здравје. На овој проект соработувам со една од водечките технолошки компании. Досега, технички и дизајнерски уредот е завршен, но ние го чуваме во тајност сè додека не се завршат сите детали “.

Дел Кастило тврди дека новата паметна четкичка за заби може да го пронајде ризикот од потенцијално срцево заболување, при што нејзиниот сопственик треба да се консултира со лекар.

Шпанскиот кардиолог и неговите колеги веруваат дека доколку излезе во продажба нивниот пронајдок, употребата на таквата модерна четка за заби ќе стане рутинска и благодарение на неа луѓето секој ден ќе можат да добијат важни информации за нивната здравствена состојба. Имено, огромен број луѓе умираат од срцев удар или од неговите последици.

Можни знаци за потенцијален срцев удар се чувство на гадење, ладна пот и поспаност. Кај мажите најчестиот знак е болка во градите, додека жените може да имаат симптоми на задоцнување како на пример гадење.

Во исто време, тие спроведуваат тестови кои ќе овозможат паметна четка за следење на крвниот притисок и нивоto на кислород во крвта. На истиот тим на научници, д-р Дел Кастило, им помогнал во дизајнирање на “паметна маица” која ги следи виталните органи кај пациентите.

Извор; www.enauka.mk

Посетеност: 80
Share
Previous Post

„Луѓе“ расказ од писателот и поет Видое Видически во чест на неговиот 87 роденден

Next Post

Умберто Еко: „Книгата е отпорна на забот на времето,не застарува и не трае сезона или две“

Next Post
Умберто Еко: „Книгата е отпорна на забот на времето,не застарува и не трае сезона или две“

Умберто Еко: „Книгата е отпорна на забот на времето,не застарува и не трае сезона или две“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 80

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk