• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Зошто сме поспани после оброк?

јануари 5, 2020
in Занимливости
Зошто сме поспани после оброк?

Поспаноста започнува со тоа што ќе изедете голема количина на храна, а завршува со дремка на каучот и непродуктивно попладне. Поспаноста после оброк на сите ни е позната и ни се случува скоро секојдневно. Но, како и зошто всушност се појавува?

За да разберете, мора да знаете што се случува во вашиот систем за варење во текот на оброкот. Додека ја џвакате храната, вашиот стомак создава гастрин, хормон кој го поттикнува производството на сокови за варење кои ја разградуваат храната. Таа храна потоа се префрла во тенкото црево, каде цревата ослободуваат ентерогастрон, хормон кој го регулира крвотокот.

Во меѓувреме, вашиот панкреас ослободува инсулин, со цел да му помогне на вашиот стомак да ја апсорбира глукозата од јаглените хидрати кои ги имате внесено. Истовремено инсулинот испраќа различни амино-киселини до вашиот мозок, вклучувајќи го триптофанот кој ја предизвикува поспаноста.

Можеби имате забележано дека поспаноста не се случува после секој оброк. Постојат неколку причини за тоа: високото ниво на јаглени хидрати предизвикува скок на инсулинот, што значи дека до вашиот мозок ќе стигне повеќе триптофан. Кога тоа ќе се случи, триптофанот се претвора во серотонин, поради што се чувствувате добро, а потоа во мелатонин, поради што се чувствувате поспано.

Глукозата од јаглените хидрати исто така може да ги блокира мозочните клетки, наречени орексин неврони, кои се одговорни за одржување на будност. Треба да се напомене дека оброците со висока содржина на протеини немаат ист ефект, бидејќи протеините имаат тенденција да ги поттикнуваат стимулирачките амино-киселини.

Поспаноста после оброк понекогаш е неизбежна, но постојат неколку начини да ги намалите шансите за дремка после оброк. Јaдете полека за хормоните во вашето тело да имаат време да се избалансираат. Исто така, бидете сигурни дека јадете избалансиран оброк без премногу скроб,, масти, но со доволно зеленчук и витамини.

Извор: www.enauka.mk 

 

Посетеност: 132
Share
Previous Post

АЛПОЈО – Охрид: Дел од нашите производи побарајте ги и во „Жито маркети“ – Велес

Next Post

По седми пат Бадникова поворка во Охрид

Next Post
По седми пат Бадникова поворка во Охрид

По седми пат Бадникова поворка во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 132

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk