• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Почина пронаоѓачот на имејлот

март 7, 2016
in Занимливости

Без Рејмонд Томлинсон немаше да ги има ниту модерните мејлови. Тој ја изуми функцијата на симболот @ и со тоа ја револуционализираше дигиталната комуникација меѓу луѓето. Томлинсон почина вчера, на 74-годишна возраст.

Рејмонд Томлинсон е човекот кој ја изуми денешната функција на симболот @ со што стана можно испраќање на електронски пораки на одделни лица. Сѐ до неговото пронаоѓање, размена на имејл пораките беше можна само меѓу повеќе лица и во ограничени рамки.

Првата модена имејл порака Томлинсон ја испрати во 1971 година. Тој ја испраќаше од една машина до друга, која беше поставена непосредно до првата. За таа цел тој го користеше системот Арпанет, компјутерска мрежа развиена за американската влада која важи како претходник на интернетот. И Томлинсон придонесе за развој на мрежата и важеше за пионер во компјутерскиот свет. Сето тоа се случуваше во време кога речиси и немаше човек кој поседува компјутер.

Затоа, омиленоста на личните имејл-пораки се случи многу години подоцна. Сега, имејлот е интергален дел на модерниот живот. „Воопшто немаше налог да измисли такво нешто, тој едноставно испробуваше, бараше нешто што може да се прави со Арпанет“, раскажува Џојс Кузман, портпаролка на фирмата „Рејтеон“ за која работеше Томлинсон. Тој самиот пак, велеше дека во тоа време точно знаел што прави, но немал претстава дека неговиот изум ќе има толкаво влијание врз животот.

Што го напишал во својот прв мејл, не знаеше ниту самиот Томлинсон. Содржината на текстуалната порака била „сосема неважна“, поради што и ја заборавил, изјави Томлинсон во едно интервју.

Извор: www.dw.com 

Посетеност: 122
Share
Previous Post

Калиопи со „Дона“ – втора среќа за ЕВРОВИЗИЈА во Шведска

Next Post

Промовирана збирката песни ЃЕРДАН ОД РАСПЕАНИ НОТИ од Методија Бараковски (ФОТО )

Next Post

Промовирана збирката песни ЃЕРДАН ОД РАСПЕАНИ НОТИ од Методија Бараковски (ФОТО )

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 122

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk