
Промотори на песнарката во која покрај стиховите содржани се и нотните записи за околу 80 песни на авторот Баракоски беа неговата ученичка – виолинистката Марина Чадо и м-р Милчо Јованоски, новинар и публицист.
Кај маестро Бараковски сите не импонира неговата ведрина, трудољубивост, енергичност и во третото доба да биде креативен, сега напросто ослободен од сите стеги.

Тој и виолината, тој синитисајзерот во просториите на Ѓердан каде се раѓаат мелодиите а по нив и текстовите.
Така настана оваа ракатка од песни и стихови најчесто наменски пишувани од кои најголемиот број стнаа хитови меѓу најмладите и се пренесуваат од генерација на генерација. Менде пишува за големите христијански празници Божик и Велигден, за мајката, другарките, за Свети Климента, за Охрид , езерото…

Паралелно соработува и користи текстови од младата Милена Симоноска, познатите Видое Подгорец, Тоде Илиевски, Милчо Јованоски, Наташа Мирческа, Маја Мојсова.

Методија – насмеаниот, понекогаш строгиот и ретко налутениот чичко Менде зад себе има генерации и генерации деца од кои ја црпи инспирацијата особено во текстовите и случките и желбите на оваа популација. Оттука неговите песни носат и будат емоции и се со чиста рима, преполни со епитети и компарации кои кај децата будат чувство на припадност и себе препознавање во нив и опишаните ситуации.
Публицитет.мк






