ИХФ усвои пет нови правила во ракометот кои стапуваат на сила од 1. јуни, а на голема сцена ќе бидат промовирани на Олимписките игри во Рио.
Не станува збори за големи ракометни промени, но се работи за пет правила кои можат во одредена мера да ја променат играта.
Во изминатиот период ИХФ ги тестираше правилата на светските јуниорски и кадетски првенства во Бразил и Русија по што и официјално се усвоени.
Петте нови ракометни правила:
-седми играч во поле: Ова значи дека голманот може да биде седми играч во поле или да биде заменет со друг ракометар кој за разлика од сега нема да мора да носи маркер. Бидејќи играчот нема да носи маркер тој нема да може да влезе во голманскиот простор, туку мора да биде направена замена за голманот да си дојде на своето место.
– повредени ракометари: повреден ракометар по примањето на медицинската помош ќе мора да биде изнесен од теренот и ќе смее да се врати дури по третиот напад на неговиот тим. Ако влезе порано од тоа ќе биде санкциониран со две минути исклучување. Исклучок е само ако голманот добие директен удар во глава.
– пасивна игра: за разлика од сега, кога судиите ќе подигнат рака тимот има максимум шест додавања до шут на гол. Ако биде досуден фаул во тој период, броењето продолжува, не прекинува.
– фаул во последна минута: ако ракометар од екипата која се брани во последните 30 секунди од натпреварот направи груб фаул со кој спречува реализација на противничкиот тим, добива директен црвен картон, а тимот кој напаѓа ќе добие пенал без разлика на кој дел од теренот ќе биде фаулот.
– син картон: се воведува и син картон. Се добива веднаш по црвениот. Играчот кој ќе го добие случајот ќе биде разгледан на дополнителна комисија која ќе одреди колку натпревари ќе биде суспендиран.
Извор: www.mkd.mk