• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Пред „Денот на дрвото“ нови садници на кејот во Охрид

декември 1, 2015
in Тикер

Претседателката на Советот на град Охрид, Гордана Коњановска, заменик градоначалникот , Ангел Јанев и дел од градските советници денес во градскиот парк  во Охрид засадија стебла од видот лагистремија а по повод  акцијата Ден на дрвото што утре по 16-ти пат ќе се спроведе на целата територија на  Македонија.

Заменик градоначалникот Ангел Јанев ги повика сите охриѓани да земат активно учество во утрешната акција и да дадат свој придонес  во новото разеленување на градов и околината.

–  Упатувам апел до сите  охриѓани, утре да се вклучат во  акцијата , Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Сите заедно да бидеме креатори на поубав зелен свет и  со тоа да дадеме придонес  во градењето на чиста животна средина . „Сите заедно да  засадиме  успех“е мотото на годинешната акција што е доволна потврда дека со нашето  учество  всушност инвестираме во самите себеси, во градењето на подобра иднина– рече Јанев.

Директорката на ЈП „Охридски комуналец“,  Елена Скрческа го изрази задоволството за високата свест кај охриѓани кога станува збор за вакви акции.

До нашето  претпријатие континуирано стигнуваат барања за садници. Веќе истите ги имаме доставено до охридските училишта и до болницата- објаснува Скрческа.

 Утре  во Охрид ќе се пошумува на локалитетот Мауцкер каде ќе бидат засадени  8 000 садници  македонски даб.   Декоративни дрва ќе се садат на булеварот „Св. Наум Охридски“ на просторот  од Билјанини извори до населбата Св. Стефан. На патеката од каналот  Студенчишта до хотел Парк а украсни дрвца ќе се садат    и  на влезот од Охрид и по ул. „Туристичка“ .

Во акцијата утре покрај претставници од општината и  од јавните претпријатија  ќе се приклучат  и учениците од основните и средни училишта. 

За сите заинтересирани граѓани од Охрид е организиран  бесплатен превоз до локалитетот Мауцкер. По еден автобус во 9 и 11 часот ќе тргнува од пред зградата на општина Охрид. По два автобуси во 9 и 11 часот ќе тргнуваат од пред гимназијата „Св. Климент Охридски“ , ДТУ „ Ванчо Питошески“ и ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Акцијата ден на дрвото – засади ја својата иднина  за прв пат се востанови во 2008 година и   е   во организација на Владата на Република Македонија со сите надлежни министерства, Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС),  општините,  ЈП „Македонски шуми“ и  граѓанското здружение „Ден на дрвото засади ја својата иднина“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 166
Share
Previous Post

Здружението на глуви и наглуви од Охрид бара услови за нивна поголема безбедност во сообраќајот

Next Post

НАЈГОЛЕМИТЕ ГУБИТНИЦИ ВО 2015

Next Post

НАЈГОЛЕМИТЕ ГУБИТНИЦИ ВО 2015

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 166

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk