• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, јули 16, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Премиерно прикажан „Последниот Македонец“ на Пиперкоски во неговиот роден Охрид

октомври 31, 2015
in Тикер

По премиерното прикажување во Битола на Филмскиот фестивал „Манаки“ и премиерите во Скопје и Велес синоќа играно – документарниот  филм „Последниот Македонец – патот до истребување“  на режисерот Илија Пиперкоски премиерно беше прикажан и во Охрид. 

Станува збор за епска приказна за распарчувањето на Македонија од страна на големите сили, моќта на соседните држави, крвопролевањето, братоубиствата, разделбите и уништувањето. Македонија денес се соочува со слични  предизвици како и пред 100 години. Затоа филмот ќе  продолжиме  да го прикажуваме  и низ цела Македонија, до  каде што има кино апаратура и можност за прикажување,за да се извлечат поуки, рече режисерот Пиперкоски. 

sozen

По премиерата најдобриот познавач на филмот во Охрид и меѓу ретките во Македонија нашиот соработник Ѓоко Симјаноски она што се случи синоќа накусо го коментираше вака: 

– Филмот е направен професионално коректно за ваков вид на филмови со добра монтажа, актерска игра… Очекував поголема посетеност. Не знам каде е курцшлусот. Немаше така речи никој од влдеачката гарнитура. Без разлика на се’ ако не повеќе требаше да му се даде поголема поддршка на режисерот Илија Пиперкоски, бидејќи е наш сограѓанин.

Материјата на филмот е специфична но е темелена на историски факти поткрепена со искажувања на стручни лица од оваа област од повеќе земји (Македонија, Србија,Бугарија, Грција, Русија…)

Искрено. Можеби му фалеше поголема реклама. Во Велес премиерата  поминала мошне добро. Вториот ден имал посетеност од 200 луѓе со продадени влезници. Можеби наредните денови ќе предизвика поголем интерес, вели за Публицитет.мк Симјаноски.

sozen 1

Продуцент на филмот е ТРИНИТИ продукција на новинарката и сега уредник на ТВ Телма Снежана Лупевска-Созен. Таа на својот ФБ профил напиша: – Зошто Македонија во перидот пред Букурешкиот Договор но и помеѓу Балканските војни не можеше да создаде сојузници кои ќе ја поддржат независноста? Зошто не постоела цврста Организација која наместо меѓусебни препукувања, интриги, убиства и атентати ќе го кренела духот на народот кој бил поделен под влијание на Бугарската Егзархија , Грчката Православна Црква а подоцна и Српската? Зошто братоубиството заради сојузништво со Бугарите, Србите или Грците не е реткост во Македонија ? Дали и понатаму треба прстот да го вперуваме во другите или да се свртиме во историјата па да погледнеме во сегашноста за да разбереме каде грешиме? 

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Сашко Коцев, Ненад Начев, Славиша Кајевски, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски и Биљана Драгичевиќ-Пројковска.

Филмот „Последниот Македонец“ во Охрид  ќе биде прикажуван и вечерва, утре и во среда со почеток во 20.00 часот. Билетот ќе чини само 100 денари.

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 129
Share
Previous Post

Боби Поповски:„Пусти мерак Ратке“ е вистинска приказна

Next Post

Филмски премиери во ноември (1)

Next Post

Филмски премиери во ноември (1)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 129

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk