• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, септември 11, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Седмата акција на „Чист Охрид“ спроведена на две локации

февруари 21, 2016
in Uncategorized

Неформалната организација Чист Охрид денеска ја одржа својата седма акција. Поради бројот на волонтери, беше одлучено да се дејствува на две локации.

На самиот почеток, на збирното место, екипата на Чист Охрид забележа дека полигонот за мали спортови всушност е само површно исчистен. Откако претходно излегоа информации дека полигонот е исчистен, нашите волонтери денес се сретнаа со глетка која јасно укажа на незавршена работа, што може да се види и по фотографиите.
Иако сѐ уште нема информации за тоа кој спровел акција на оваа локација, апелираме во иднина, доколку има вакви иницијативи кои потекнуваат од други групи, акцијата да биде спроведена ефективно и во целост. Во спротивно, се остава впечаток на негрижа за животната средина.

cist 3 copy

Тимот на Чист Охрид одлучи да се спроведе акција на истата локација, а потоа да се продолжи кон плажата кај Центарот за обука на вода.

Во првата акција учествуваа десетина волонтери, помеѓу кои беа и нашите драги пријатели од НВО Опција – Охрид, кои воедно ги понудија своите расположливи капацитети и во форма на специјални кутии за складирање на медицински отпад.

cist n              cisto 5

Во втората акција за денеска, волонтерите се упатија кон плажата кај Центарот за обука на вода. Таму наидовме на поголем број пластични предмети, како и амбалажа од шампони, што укажува на тоа дека граѓаните на несоодветен начин се капат во езерските води и со тоа исклучително штетно влијаат на живиот свет во езерото. 
На еден од тревниците беше пронајдено и мртво маче, што не е прв случај во рамките на акциите на Чист Охрид и затоа апелираме да престане насилството врз животни и труењето на животни! 

Уште еден загрижувачки факт е што беа пронајдени неколку употребени шприцеви, кои беа складирани во посебен пластичен сад. Мора да се истакне дека е исклучително важно комуналните служби да започнат со редовно чистење на овој простор, од причина што тука постојано се присутни семејства со мали деца, поради ова всушност се наоѓаат во опасност од инфекција и тешки последици по здравјето. Здравјето на децата и останатите мора да биде императив! Би сакале и да додадеме дека е крајно време ваквото одржување да започне затоа што дел од пластичниот отпад кој беше собран, веќе беше во фаза на распаѓање.

Во двете денешни акции беа собрани петнаесетина вреќи различен отпад.

Публицитет.мк 

Посетеност: 102
Share
Previous Post

Мирослав Кузман автор на текстовите на мега хитовите „Туѓа си бескрајно“ и Лихнида кајче веслаше

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ ја прекина соработката со Ванхауте, од денеска за нив тој е само турист

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ ја прекина соработката со Ванхауте, од денеска за нив тој е само турист

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 102

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk