Милиони гледачи во Србија го гледале извлекувањето на броевите од 59-то коло на играта на среќа „Лото“ и не можеле да им поверуваат на своите очи кога петтиот број од комбинацијата се појавил најпрво на екранот, а дури потоа топчето со тој број бил извлечен од барабанот.
После тоа, во еден момент на екранот се појавиле само броевите 27, за потоа да исчезне целата графика на екранот.
Водителката по извлекувањето на счетвртото и петтото топче била видно збунета, по што следувала кратка пауза (поради наводни технички проблеми), пред извлекувањето на шестото и седмото топче.
Ова е линкот до видеото
Извор: Фама .мк