Есента со себе носи цел куп здрави намирници, а една од нив е тиквата.
Таа е полна со витамини, богата е со железо и магнезиум.
Препорачлива е за сите кои имаат проблеми со варењето на храната, циркулацијата и проблеми со видот.
Но, она што е најдобро во врска со овој зеленчук е дека ги задржува сите хранливи материи без разлика дали го варите, печете или го јадете сиров.
Плус го забрзува метаболизмот, што значи помага во губењето на килограми.
Па доколку сакате да намалите некој килограм слабејте здраво токму со тиквата.
Еве како:
Прв ден:
Појадок: салата од тиква, морков и сок од лимон.
Ручек: чорба од тиква со зеленчук (морков, магданос, целер, домат).
Вечера: изедете 250 грама печена тиква со цимет.
Втор ден:
Појадок: пире од тиква со цитрон или портокал.
Ручек: салата и чорба од тиква со чаша сок.
Вечера: овошна салата (јаболка, лимон, круша).
Трет ден:
Појадок: салата од тиква и пире.
Ручек: чорба од тиква и месо (пилешко или мисиркино).
Вечера: салата од тиква и ананас.
Она што е важно кај оваа диета е дека морате да испиете минимум два литра вода на ден и да не јадете ништо по 18.00 часот.
Извор: dama.mk