Слика на Амадео Модиљани е продадена за 170 милиони американски долари на непознат купувач од Кина, со што ја постави втората по големина цена платена за уметничко дела кога и да е постигната на наддавање, соопшти аукциската куќа Christie’s.
Актот на платно со наслов „Nu couche“ создадено во 1917/18 година, ја постигна втората највисока цена по „Жените на Алжир“ на Пабло Пикасо, дело кое беше продадено за 179 милиони долари во мај годинава, исто така на надавање на Christie’s.
Во наддавањето за сликата на Модиљани учествувале неколку колекционери кои почнале од цената од 75 милиони долари, и во секој круг растела за по пет милиони долари. Платното пред продажбата беше дел од приватна колекција цели 60 години.
Аукциската куќа пред наддавањето очекуваше дека сликата ќе достигне цена до 100 милиони долари.
Извор: lokalno.mk