• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Почина Мојра Орфеј „кралицата на циркусот“

ноември 17, 2015
in Занимливости

Мојра Орфеј, „кралицата на циркусот“ почина во саботата вечерта на 84-годишна возраст, во својата циркуска прикола, во која го мина поголемиот дел од животот…

 Kако што јавија италијанските медиуми, неколку часа по последната претстава во саботата, Мојра заминала на спиење, а вчера изутрина нејзините колеги ја пронашле мртва во нејзиниот кревет.

Мојра имаше статус на ѕвезда во Европа, а посебно беше популарна во Италија каде се прослави и како актерка и телевизиска водителка. Таа е родена во циркуско семејство на 21 декември 1931 година како Миранда Орфеј. Своето уметничко име Мојра го добила по предлог на познатиот режисер Дино де Лаурентис. Својата кариера ја почнала во шестата година, како јавачка и виртуоз на трапез. Иако, речиси целиот живот го мина во циркуските шатори, таа има глумено и во повеќе од 40 филмови, при што многумина филмски критичари ја споредуваа со Софија Лорен.

Мојра беше позната по својот ексцентричен и темпераментен карактер, кој не го промени ни на врвот на својата кариера. Пред девет години таа имаше мозочен удар, од кој се опоравуваше подолго време.

– Ние на нашата публика не и нудиме циркуска претстава, туку комбинација на театар, танц и мјузикл, изјави Мојра во една прилика, говорјеќи за циркисот во кој работеше.

Извор: cooltura.mk 

Посетеност: 91
Share
Previous Post

Слика на Модиљани продадена за 170 милиони долари, името на купувачот од Кина се чува во тајност

Next Post

Уште едно сеќавање на Петре Прличко – магот на македонското глумиште

Next Post

Уште едно сеќавање на Петре Прличко - магот на македонското глумиште

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 91

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk