Престанете да војувате со вашата коса! Негувајте го квалитетот што ви го подарила природата и уживајте во новите фризури и бои…
Брановита коса Се смета дека овој тип на коса најлесно се одржува и не е потребно да се вложи многу труд за обликување на фризурата. Сепак, брановитата коса мора да биде правилно потстрижена во степени.
Потстрижување Основниот трик за скротување на брановитата коса е воспоставување на рамнотежа помеѓу волуменот и слоевитоста на перчињата, кој треба да почне во ниво на брадата. Кога станува збор за оптималната должина, најдобро е таа да достигнува до клучната коска, што навистина изгледа шик. Пуштена, таа изгледа малку диво, но секси, а кога ќе ја соберете во опавче или кок, изгледа женствено и елегантно.
Режим на нега Задолжително употребувајте хидратантен шампон, секој втор ден, а по миењето втријте регенератор наменет за брановита и кадрава коса. Со крпа впијте ја водата од косата, но немојте да ја триете енергично (бидејќи ќе го оштетите надворешниот слој на влакната). Следниот чекор е нанесување на крем за обликување на косата и тоа од средината на влакната, па кон врвовите. Додека ви се суши косата, со околу прстите виткајте неколку перчиња за да и помогнете на вашата коса полесно да ги формира брановите.
Најголем потенцијален проблем Ако бранестата коса не се потстрижува редовно, постои опасност таа да се исправи во коренот, а на краевите да стане како “волна“, па така косата ќе ви добие форма на триаголник. Затоа, потстрижувајте ја на секои 8-10 недели за да ја задржите нејзината форма и да се ослободите од распуканите врвови.
Тенка и рамна коса Овој тип на коса навистина не е тешко да се контролира и обликува – се што ви е потребно е волумен да соодветните места.
Потстрижување Внимателно со ножичките! Избегнувајте степенасто потстрижување на косата, бидејќи неопходно е на врвовите да ја задржи потребната тежина. Класичната боб-фризура е идеална за тенката и рамна коса.
Режим на нега Рамната и тенка коса побрзо се мрси, бидејќи мрснотијата од коренот побрзо патува до врвот на влакното. Затоа, мијте ја секојдневно, користејќи специјален шампон за мрсна коса, како и благ регенератор, кој ќе го втриете само на краевите на косата. Впијте ја водата со крпа, но немојте да ја завиткувате околу главата, бидејќи косата ќе ви се заплетка. Доколку влакната ви се залепат за темето, поминете со прстите низ тој дел и попрскајте го со спреј за волумен. Потоа исушете ја со фен, насочувајќи го млазот топол воздух кон коренот.
Најголем потенцијален проблем Жените што имаат тенка коса честопати употребуваат многу препарати за нејзиниот стајлинг, што е сосема контрапродуктивно. Последиците на оваа навика е залепена или мат коса. Најдобро е кога косата е мека, сјајна и кога со прстите можете да поминете низ неа. Употребувајте благи лосиони за коса во спреј, кои ја прават бујна, а избегнувајте ги производите во форма на гел или крем. Најдобро е препаратот прво да го нанесете на дланките, да ги протриете, а потоа со рацете да поминете низ косата.
Кадрици Кадриците секогаш изгледаат романтично, а основно за нивната нега е „стратешкото“ потстрижување и оптималното хидрирање на косата.
Потстрижување Заборавете на кратка фризура. Оваа должина изгледа убаво само кога ја следи формата на главата. Експертите велат дека долгата коса во слоеви потстрижена е идеална за природно кадравите влакна. Значи, пуштете ја косата да ви порасне до рамениците (или подолго) за да ја има потребната тежина. Потстрижувањето во степени треба да започне во висина на брадата, а потоа косата дијагонално потстрижете ја кон задниот дел на вратот, во неколку слоеви. Така, косата ќе биде потенка и полесна во предниот дел на главата и ќе изгледа како природно да паѓа наназад, а кадриците ќе се навиткаат правилно, влегувајќи една во друга.
Режим на нега Пред сè, кадравата коса е исклучително сува. Затоа мијте ја поретко – најдобро еднаш во неделата. Задолжително употребувајте шампон, кој содржи хидратантни компоненти, како што се путер, маслиново масло или масло од авокадо. При одмивањето втријте доволно количество регенератор, и тоа од коренот кон врвовите. Потоа, со крпата впијте ја водата и со прстите поминете низ косата. Постапката завршете ја со втријување на регенератор што не се одмива, почнувајќи 2, см од коренот, па се до врвовите и ставете малку пена. Регенераторите што не се одмиваат создаваат тенок слој хидратантни полимери на влакната, кои го спречуваат губењето на влагата. Пената го спречува создавањето на ефектот на „волна“ во косата и им дава убава форма на кадриците. Завиткајте тенки перчиња околу прстите и држете ги од 15-30 секунди. Потоа, почекајте косата природно да се исуши или направете го тоа со помош на додатокот на фенот – дифузер. Ако одлучите да користите фен, тогаш добро исушете ја косата за да не ви се создаде изглед на метличка!
Најголем потенцијален проблем Најголема закана за жените со кадрава коса е веќе спомнатиот изглед на „волна“. За да го избегнете тоа, редовно негувајте ја косата со препарати кои имаат длабинско дејство. Редовно, значи еднаш неделно. Овие производи оптимално ја хидрираат косата и создаваат густа бариера околу влакната која го спречува штетното влијание на влагата од воздухот. Со применување на регенератори што содржат силикон оптимално ќе ја заштитите косата од штетните влијанија на надворешната средина, особено на влагата.
Извор: Убавина и здравје.мк