• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, октомври 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Стоматолошка ординација „Д-р Сашо Стоев“: Повреди на млечни и трајни заби кај деца

септември 11, 2017
in Uncategorized

Повредите на млечни и трајни заби кај деца , како и помали повреди на мекото и коскено ткиво на орофацијалната регија кај деца се случуваат во период на нивен интензивен физички и психички развој. Посебно важни се повредите на трајните  заби , а најизложени на удар и повреди се горните централни секачи.   

Оштетувањето на забното ткиво ја нарушува  функцијата на жвакање, говор како и  естетскиот изглед на детето.

Постојат одредени фактори кои значајно придонесуваат за настанок на повреда на забите како што се :

-протрузија

-одредени заболувања како на пример епилепсија

-контактни спортови кои децата ги практикуваат

stoev 1

Пациентите со ваков вид повреда се сметаат за итни случаи , посебно дококлу во момент крварат.

Детето после ваков вид на повреда најпрвин треба да се смири , а на загрижените родители да им се објасни тежината и видот на повредата , која постапка ќе се примени за нејзина санација и прогноза за повредените заби. Треба исто така да им се даде и упатсво за исхрана и одржување на личната хигиена како и редовни контроли кај стоматолог, кои во оваа ситуација се многу важни.

Со цел поставување на дијагноза и одредување на адекватна терапија  , треба да се земат одредени податоци за малиот пациент  во врска  со настанатата повреда  , како што се : времето на настанување на повредата , начинот, местото на случување на повредата  и сл. Со детален клинички преглед потребно е да се направи и рентген снимка која трба да се чува и да ни послужи за компарација при идните контрони прегледин.

Постојат разни класификации на повреди на малечните и трајните заби , а се манифестираат како :

Пукање на глеќта : како последица на директен удар врз цврст  предмет на површината на забите при што забот не се крши , но доѓа испукување на глеќта во различни правци.

При напукување на глеќта кај двете дентиции , трапија е локална импрегнација со раствор на флуорид и контола на виталноста на забите во наредните три месеци.

Кршењата на забите се делат на четири класи :

-Прва класа : кршење на глеќта , најчесто тоа се искршени агли или кршење на ивицата на централните секачи . Пациентите обично се жалат само на остра ивица кај искршената глеќ  која им смета на усните или јазикот.

Терапија кај млечни заби – остирите ивици благо се заоблуваат  и се импрегнираат со раствор на флуорид . Кај трајни заби  при првата посета на стоматолог се прави надградба на изгубениот дел од коронката на забот со употреба на естетски материјали.

Втора класа : – кршење на глеќта и дентинот – линијата на кршење обично е коса и зафаќа еден или и двата агли , а најчесто на горните централни секачи . Повредата може да биде проследена и со луксација .

Терапија – кај млечни заби – при првата посета на стоматолог  се прави надградба со естетеки материјали , ако е возможно да се постави соработка со малиот пациент.
Кај трајни заби уште при првата посета се прави надградба на искршениот дел на коронката на забот со помош на естетски материјалаи . Доколу пациентот ги донесе искршените делови од коронката на забот , можно е да се направи лепење на тие фрагменти за забот.

Трета класа – кршење на глеќта идентинот со повреда на пулпата– линијата на кршење е коса или хоризонтална , при што е скршен поголем дел од коронката на забот. Често ваквите повреди се пропратени со луксација на забот.
Терапија  – кај млечни заби зависи од возраста на детето и степенот на ресорпција на коренот на забот за што е неопхоно да се направи рентген снимка . Кај деца на возраст од 3-4 години индикативно е витална ампутација   ( отстранување “живец“ ) и наградба со естетски материјали. Но , доколку кршењето на коронката на млечниот заб е во близина или под нивото на непцето , конкретниот заб е за екстракција заради исклучително тешката соработка со деца на ваква возраст.

Кај трајни заби начинот на интервенирање најпрвин зависи од степенот на развиеност на коренот односно дали повредениот заб е со незавршен или со завршен развиток на коренот  , од ширината на отворот на пулпата , од  изминатото време помеѓу настанокот на повредата и доаѓањето на стоматолог ,од големината на скршениот дел  и сл.

Четврта класа – кршење на корен –најчесто се случува кај горни централни секачи со завршен развој на коренот. Повредениот заб може да биде нешто подолг во споредба со неповредените заби . Линијата на кршење на коренот може да биде локализирана во пределот на врвот на коренот , понатака, во средната третина и во гингивалната третина на коренот ( делот од коренот во близина на непцата) . За прецизна дијагноза е неопходна рентген снимка.

Терапија

– Млечни заби– кај деца на возраст од 2-4 години кај кои  е фрагментот на коронката без дислокација и луксација , вадењето на забот може да се одложи , но притоа е неопходно да се прават задолжителни контроли на стоматолог еднаш месечно. Во случај на промена на бојата на забот или при појава на оток и фистули или ако критичниот дел на скршениот млечен заб луксира или е дислоциран, веднаш по повредата , треба да се извади тој дел од забот. Врвот на млечниот корен не се вади бидејќи тој физиолошки ќе се ресорбира.

-Трајни заби  

– Кај незавршен развој на коренот обично доаѓа до напрснување на коренот (нецелосно кршење ) и доволно е да се изврши имобилизација на повредениот заб во времетраење од 2-3 месеци. По тој период , рентген снимка ќе потврди дали коренот целосно зараснал.

-Завршен развој на коренот кај деца  – основен принцип во терапија на кршење на корен е репозиција и имобилизација на повредениот заб.  Успешноста на репозицијата се проврува со задолжителна рентген снимка , а времетраењето на имобилизацијата е 2-3 месеци . Најголеми шанси за зараснување имаат скршеници во близина на врвот на коренот . Во случај на појава на компликации во вид на воспаленија кај наведеното место на  кршење на коренот , по извршено канално лечење на коронскиот дел , скршениот врв на коренот хируршки се отстранува.  Кај деца во случај на кршење кај средната  и гингивалната третина на коренот , се превземаат сите тераписки мерки ( репозиција, имобилизација , канално лечење , отродонтско извлекување и др.).

stoev 2

 

Пишува : Д-р Сашо Стоев

 stoev 3 copy

За повеќе информации и совети во врска со оралното здравје обратете се во Стоматолошка Ординација “Д-р Сашо Стоев“.

Стоматолошка Ординација “Д-р Сашо Стоев“

Ул.Никола Карев бб , ТЦ Трудбеник, Охрид

Контакт:  070-307-262 / 070-452-100

www.drsasostoev.com

Публицитет.мк 

Посетеност: 117
Share
Previous Post

Лена Џапиќ; Преку составот „Езерки 7/8“ македонската песна живее во Хрватска

Next Post

Книга за Охридско Езеро од комедиографот Бранислав Нушиќ

Next Post

Книга за Охридско Езеро од комедиографот Бранислав Нушиќ

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 117

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk