Под мотото „ОД ДЕЦАТА- ЗА ДЕЦАТА“ во рамките на OУТУ „Ванчо Питошески“ се спроведе хуманитарна акција за помош на децата од социјално најзагрозените семејства во општина Охрид, со што се одбележа „ НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТА (16-22 ОКТОМВРИ) “.
Целта беше да ја поттикне хуманоста кај младите и преку конкретни дела да се покаже солидарноста и грижата за нашите сограѓани и деца кои живеат во тешки социо- економски услови и секојдневно имаат проблеми како да се прехранат.
Невидливи, стопени од сиромаштија стотина, илјада луѓе не знаат дали денес ќе јадат. Тажно е што деца, пензионери, напуштени и осамени денеска во Македонија ќе немаат ниту еден оброк, а зборот глад сe почесто се слуша во јавноста. Стотици граѓани со години имаат само еден топол оброк во народните кујни.
![20171020 100310](images/20171020_100310.jpg)
По тој повод во ова средно училиште беше апелирано НА ХУМАНОСТ ВО РАМКИТЕ НА МОЖНОСТИ ДА СЕ ДОНИРААТ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОДУКТИ КОИ СЕ СО ПОДОЛГ РОК НА ТРАЕЊЕ (КОНЗЕРВИРАНА ХРАНА , ТЕСТЕНИНИ, БРАШНО, СРЕДСТВА ЗА ЛИЧНА ХИГИЕНА….). ВО СОРАБОТКА СО ЦРВЕН КРСТ БЕА ДОНИРАНИ НА ЛИЦАТА КОИ ИМААТ НАЈГОЛЕМА ПОТРЕБА ОД НИВ.
Публицитет.мк