• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 12, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Светската банка ги намали прогнозите за економскиот раст

јануари 8, 2016
in Актуелно

Слабите резултати на главните економии во развој ќе и наштетат на светската економска активност.

Во 2016 година ќе има благо забрзување на економскиот раст од 2,4% за минатата година на 2,9%. Ова се вели во извештај на Светската банка за економскиот раст во 2016 година. Предвиденото зголемување во јануари е помало од тоа во јуни.

Од институцијата сметаат дека во изминатата година економскиот раст ќе се покаже помал од очекуваниот, а причина за што е намалувањето на меѓународната трговија и капитални текови, флуктуациите на финансиските пазари и падот на цените на нафтата. Така започна и 2016 година, а знаците на слабоста во Кина веќе предизвикаа огромни потреси на финансиските пазари, а цените на нафтата удриле нови повеќегодишни нивоа.

Најголемите пазари во развој – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка истовремено забележуваат забавување, но ситуацијата во Кина може да има значаен негативен ефект врз останатите земји во светот. Очекувањата се икономмиката на земјата да порасне за 6,7% оваа година покрај растот од 6,9% во 2015 година.

Светската банка предвидува новите економии да нараснат со 4,8% по достигнатото посткризно минимално ниво на раст во 2015 година од 4,3%.

Економиите на земјите со висок приход ќе забележат раст од 2,1% оваа година во однос на 1,6% во 2015 година Очекувањата се руската и бразилската економија да продолжи да се намалува. Прогнозите за Русија се смалуваат со 0,7%, а за Бразил со 2,5%.

БДП на еврозоната ќе се зголеми за 1,7% оваа година. Прогнозата во јуни очекува 1,8% кај економски раст со 1,5% за изминатата година.

Помал од очекуваниот економски раст и на САД. За 2016 година се очекува зголемување на американскиот БДП од 2,7% (при претходната прогноза за раст од 2,8%) по економска експанзија со 2,5% во 2015-та година.

Извор: faktor.mk 

Посетеност: 93
Share
Previous Post

Хормон што може да ја потисне желбата за слатко и алкохол

Next Post

Што правеле тие по првата година од дипломирањето?

Next Post

Што правеле тие по првата година од дипломирањето?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 93

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk