Учениците од IX одд. при ОУ “Св Климент Охридски” – Охрид вчера согласно наставната програма на наставниот предмет Иновации, заедно со предметниот наставник Галина Малезаноска, ја посетија компанијата Rent A Car ”Escape.
Ја избиравме како фирма чија дејност е нова и атрактивна, а воедно и барана во градот. Компанијата ”Escape” е Служба за изнајмување превозни средства и веќе 9 години успешно се занимава со таа дејност во Охрид.
Учениците имаа можност непосредно од сопствениците и вработените да се запознаат со почетоците и работата во текот на изминатите години. Исто така се запознаа и со идните идеи за проширување на возниот асортиман на фирмата. Преку оваа посета учениците се стекнаа со практични искуства со кои ги потврдија теоретските знаење од областа на претприемништвото и инавативноста, се вели во соопштението од училиштето.
Публицитет.мк