На денешен ден во 1961 година почина една од најголемите филмски ѕвезди на Холивуд,Гари Купер. Имаше 60 години.
Тој беше роден на 7мај 1901 година како Френк Џејмс Купер.Својата прва поголема улога ја имаше во 1926 година во романтичниот вестерн „Добитокот на Барбара Ворт „ а последениот во 1961 година „ Гола острица “. Помеѓу овие два филма сними уште стотина други.
Својот прв оскар го освои во 1942 година за филмот „ Наредникот Јорк “ ,вториот во 1953 година за вестернот „ Точно на пладне “ а третиот ,почесен ,на само неколку месеци пред неговата смрт ,во 1961 година.
Ѓ.Симјаноски, Публицитет.мк