Со огромна чест и задоволство ви го претставувам мојот најнов сингл и видео запис!,напиша денеска на својот фејсбук Горан Папаз пуштајќи го видеото во етер.
–Гостин на оваа нумера ми е Кали ака Калина Велковска која ми ја разубави песната со нејзините прекрасни вокални способности!
Огромно фала за MEGA Продукција и за режисерот Ѓоко ( Ѓоле ) Наумовски кои крајно професионално го изработија овој спот.
Фала и на мојот продуцент Алкесандар Масевски кој е комплетен автор на оваа композиција.
Исто така сакам да им се заблагодарам и на девојките од студиото за танц „Бах“ Теодора Ѓиковска и Маја Павлеска кои го развеселија истиот. Тања Бах, фала ти!
Cuba Libre Restaurant Drim фала за прекрасната локација и за домаќинлукот кои ни го пруживте за време на снимањето.
Уживајте, се надевам дека ќе ви се допадне и песната а богами и спотот, вели Горан Папаз.
Публицитет.мк