Утре и задутре Месната задница Куратица во соработка со Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „З’ш“, ќе ја организираат најмасовната, авантура на велосипеди, џипови, мотокрос и планинарење.
Предвидено е дружење и забава за сите учесници, кои ќе се приклучат на турата на над 2000 метри надморска височина.
Целта е дружење и запознавање со убавините на целиот масив до Плаќенска планина , како и збогатување на туристичката понуда на Куратица. Трката не е од натрпреварувачки карактер.
Организатгорот испрати и подетални информации
1- САБОТА за тие штоо ќе кампуваат организиран е превоз за опремата од Куратица од 13-16 часот. Се кампува во месноста ТИНА на 1350м.н.в.
2- НЕДЕЛА – СТАРТ 9 часот од центарот на КУРАТИЦА(ова не важи за тие што кампуваат, за нив стартот е во 10 часот од месноста ТИНА) се вози до врвот на плаќенска планина 2000м.н.в.откога ќе се освои врвот има спуст преку Плаќе, Речица, до Каменоломот (спустот е долг и опасен и треба многу внимателно да се вози), Куратица средсело.
2а.- Истите правила се и за џиповите и моторите – само рутата не е иста, тие возат преку Плаќе- Речица – Злести Лешани- Велмеј- Долгирид -Куратица.
3.ЦЕЛ -центар КУРАТИЦА
Секој велосипедист треба да поседува исправен велосипед и опрема, резервна гума прибор и основен алат, вода, храна и пијалаци и задолжително заштитна кацига.
За тие што ќе платат симболично учество од 200 денари на целта има ручек и пијалак, плаќањето не е задолжително, туку по слободен избор.
Настанот е отворен за сите љубители на природата, планинари, поети, филозофи, билкари. Млади и стари и сите со ведар дух.
НАПОМЕНА- ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ВОЗАТ НА СОПСТВЕН РИЗИК И ОРГАНИЗАТОРОТ НЕ ОДГОВАРА ЗА ЕВЕНТУАЛНИ ПОВРЕДИ И ПОСЛЕДИЦИ
УЧЕСТВОТО НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА Е ДОЗВОЛЕНО САМО СО ПРИСУСТВО НА РОДИТЕЛ.
Публицитет.мк