Вита Караѓозовска е од Скопје.
Фотографијата што ја поставуваме како фотка на неделата ја пронајдовме на отворената фејсбук група „Охрид, Охрид, убав мил“ .
Претпоставуваме летово Вита престојувала во Охрид и дека не се одвојувала од фотоапаратот. Дузина нејзини успешни фотографии се дел од оваа отворена интернет група и пленат со својата боја и бистро око кое знае да го зароби мигот.
Црквата Св. Јован Богослов – Канео била , е и ќе биде место инспративно за фотографирање и секоја фотка, како и оваа носи нешто ново.
Се надеваме дека поставената фотка и текст ќе допрат и до авторката Караѓозовска и би сакале како редакција, доколку сака таа одблиску да ни се претстави и да каже збор два за страста кон фотографирањето.
Публицитет.мк