ДА ОТКРИВАМЕ е најновиот проект на охридскиот гитарист Мартин Милески. Проектот содржи инстрментална преработка на аудио и видео запис од македонската дива Каролина Гочева од нејзиниот последен албум “Македонско девојче 2”, “Кој да ми запеe”.
Промоцијата ќе се одржи на ден 23 април (сабота) точно напладне во реномираниот охридски кафе бар “Terazza Aquarius”.
После промоцијата на видео записот посетителите ќе можат да уживате во останатите преработки на Мартин Милески, заедно со неговиот бенд и сите негови колеги и во одличното вино на “Popova Kula”.

“На овој проект се работеше скоро 7 недели и речиси после толку макотрпна работа се надеваме ќе излезе добар производ и се надеваме дека нема да ја разочараме нашата македонска дива Каролина Гочева како и нејзиниот тим кој има работено на “Кој да ми запее” како што се Николче Мицевски како композитор и Весна Малинова како автор на текстот. Главната улога во спотот ја има нашата прекрасна охриѓанка Мартина Балеска, која во спотот ги открива неоткриените охридски убавини и пренесува белег на тие места. Главен камерман за спотот е талентираниот Кристијан Љушев кој сигурно сум убеден дека прекрасно ја заврши својата работа.Монтажер е Влатко Дојчиноски кој долго време соработува со мене, изјави за Публицитет.мк младиот и надежен гитарист Мартин Милески кој со својот квалитет и харизма се пробива во светот на музиката.
Публицитет.мк






