Ученици од ОУ „Христо Узунов“-Охрид учествуваа на XLII Школа „Млади Физичари“,што се одржа на 9 ноември во рамките на настанот :Ноември-месец на науката,што ја организира Друштвото на физичари на Р.Македонија
Имено,29 ученици се претставија со вкупно 24 изработки,демонстрации и експерименти,работејќи индивидуално или во парови под менторство на наставничката по физика Вера Зороска.
Изработките,демонстрациите и експериментите беа изложени во трговскиот центар Skopje City Mall каде што сите посетители на трговскиот центар имаа можност да ги набљудуваат .
Сите ученици успешно ги претставија своите проекти,притоа покажувајќи широки познавања од предметот физика .
Во конкуренција на повеќе од 130 проекти од ученици од целата држава,голем број од учениците при ОУ „Христо Узунов“-Охрид се закитија со награди!
Од 9-то одд.беа нагредени следните ученици: Шишкоски Кристијан-I награда, Трифуноски Даниел- II награда, Андрееска Елена- III награда и Наумоска Маја-пофалница.
Од 8-мо одд,со награди имаа среќа да се закитат : Илиевска Евгенија и Исакоски Борче- II награда, Абас Аделаи и Никлеска Сара- III награда, Митрески Филип и Дукоски Виктор- III награда и Митаноски Теофан- III награда.
Учениците имаа можност да следат и интересни предавања во просториите на Природно-математичкиот факултет,да се дружат со врсници од целата држава со кои имаат слични интереси и на тој начин да поминат квалитетно време исполнето со наука и забава.
Публицитет.мк