Драматични сцени на сурферскиот натпревар Џеј-Беј Опен во Јужноафриканската република. Пред вклучени камери Австралиецот Мик Фанинг беше нападнат од ајкула. Кратко потоа спасувачите го извлекоа од морето-неповреден.
Секунди во кои застанува здивот. Одеднаш од никаде ајкула се појавува во Џеј Беј и го напаѓа професионалниот сурфер Мик фанинг. Трикратниот светски првак со многу среќа и вештина успеа да си го спаси животот. Неколку секунди по нападот на ајкулата, тој неповреден беше спасен од морето. Шокот му беше влегол длабоко в коски. „Некако сум перфектно во ред“, изјави Фанинг, кој шокирачкиот момент го долови на следниов начин: „ И тогаш одеднаш го имав овој инстинкт дека некој е зад мене. И одеднаш нешто започна да ме влече под вода. И тогаш се појави ова нешто, јас бев на штицата а тоа беше веднаш тука…“
Извор: Дојче веле на македонски