Во организација на Здружението на педијатрите на Република Македонија вечерва во хотелот „Изгрев“ свеченото беше отворен Шестиот конгрес на педијатрите на Македонија со интернационални учесници.
Повеќе од 500 доктори од целиот свет меѓу кои и 24 врвни експерти во полето на неонатологијата и педијатријата од 13 држави до 11 октомври ќе одржат предавања пред своите коилеги.
На чинот на отворањето на конгресот на покана на директорката на Клиниката за педијатрија во Скопје доктор Аспазија Софијанова пред својата лекарска фела се обрати и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кој и се заблагодари на колешката Софијанова за поканата и укажаната чест. Доктор Бакрачески поздравувајќи ги приустните им одговори на прашањето што често му го поставуваат за време на мандатот: Дали е подобро да се биде Градоначалник или доктор ?
– Вие сте причина зошто сум денес јас на оваа говорница, иако сум само Градоначалник на градот над кој изгрева сонцето кога наутро од ова боженствено место ќе фрлите поглед кон исток, како ретка привилегија први да ги почувствувате неговите зраците и да уживате во најубавиот изгрев во регионот. Често ме прашуваат дали е подобро да се биде Градоначалник или доктор. Прашањето воопшто не ми создава дилеми а одговорот е секогаш ист. И покрај сите наши негодувања, и покрај сите наши незадоволства, честото жртвување на слободното време, многуте непроспиени ноќи на дежурствата и на повиците, а можеби и недоволното вреднување на трудот, и покрај се и над се, нема поубава , нема поблагородна и нема поплеменита професија од медицината. Нема поголема сатисфакција и нешто што повеќе може да ја исполни душата од чувството кога спасувате човечки живот и добивате притисок и пулс на мониторот, чувството кога на крај на сите иследувања ја дефинирате проблематичната дијагноза, чувството на правилно избран третман кој дава видно подобрување на симптомите , чувството кога на крај на денот ќе избавите весела детска насмевка, благослов на задоволните родители и благодарноста на околината во која живеете, рече Бакрачески.
На конгресот се очекува преку реферати и соопштенија да бидат соопштени и најновите протоколи за лекување во областа на педијатријата кои веќе се применуваат во светот.
Публицитет.мк