• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, мај 6, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Зошто во Кинезите јадат со стапчиња?

август 6, 2015
in Занимливости

Кинезите, како и останатиот азиски народ, наместо лажици, вилушки и ножеви, како прибор за јадење користат стапчиња. Но, како дошло до тоа? Зошто Кинезите јадат со стапчиња?

стапче

Постојат многу легенди кои зборуваат за настанувањето на стапчињата за јадење во кинеската традиција, а за тоа што е всушност вистина, голем број историчари не можат да се сложат. 

Како прибор за јадење, стапчињата се појавиле за прв пат некаде меѓу 16 и 11 век пред новата ера, за време на династијата Шанг во Кина. Причината поради која за брзо време биле прифатени во Кина, а наскоро и во поголемиот дел од Азија, поради лесната изработка и едноставното раководење.

Според зборовите на францускиот социолог и антрополог Жан Пјер Пулен, користењето на стапчињата за јадење претставува еден вид на изразување на финост и софистицираност. Спротивно од тоа е начин на кој некогаш се јадело ширум Европа.

Имено, на европскиот пазар храната се сечела со оружје, со што се сакало да се покаже на кој начин аристократијата дошла на власт во државата, а тоа е насилство.

Во Кина се сметало дека ладното оружје (мислеле дека ладно оружје е ножот и вилушката) не е место  на масата кадешто се јаде. Одредено „насилство“ морало да се одигра, но тоа се случувало во кујната кадешто се сечеле намирниците не само поради практични причини – за полесно да се јадат со стапчиња, без вилушки и ножеви, но и да се избегне ситуација во која гостите пред себе да не гледаат убиено животно.

Една легенда вели дека стапчињата ги измислил кинескиот цар Ју Велики кој се плашел дека ќе биде убиен, па забранил употреба на вилушки и ножеви, а кога еднаш бил доста гладен и не можел да чека јадењето целосно да се олади за да може да јаде со рацете, тој исекол две гранчиња и со нив се послужил како прибор за јадење.

За оние кои ја совладале техниката на јадење со стапчиња, тие можат да бидат особено корисни доколку се употребуваат редовно – преку користење на стапчињата се користат повеќе од 30 зглобови и 50 мускули на прстите, дланката и раката.

Извор: Факултети.мк 

Посетеност: 87
Share
Previous Post

Антитерористичка акција на МВР против ИСИЛ

Next Post

Почнува „Месец на кошарката“ во Охрид

Next Post

Почнува „Месец на кошарката“ во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 87

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk