• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Познатиот новинар Сашо Нелоски денес го слави 64 роденден а од утре ќе биде пензионер

мај 2, 2026
in Омнубус
Познатиот новинар Сашо Нелоски денес го слави 64 роденден а од утре ќе биде пензионер

Целиот работен век од близу 38 години, но и претходниот хонорарен стаж од 1986 кога прв пат напишал новинарски текст, познатиот охридски и македонски новинар Сашо Нелоски му остана верен на тогашната РТС а сега јавниот сервис МРТВ.

Токму во периодот на неговото вработување и децении потоа беше престиж и чест да се работи во и за МРТ.

Зад работниот век на Сашо Нелоски, како што сам пресметал стојат импозантни над 14 000 текстови кои поминале низ етерот и секако оставиле трага во глобалниот медиумски простор.

Тешкиот новинарски леб со девет кори го трасираше сам, преку прилозите и репортажите кои со висока професионалност ги подготвуваше. Со стотици линковски јавувања во живо известувајќи од и за бројни настани, бидејќи Охрид, по Скопје е магнет за тоа.

Беше прв од Македонија што влезе во  Поградец со камерманот – покојниот Љупчо Шурбаноски по падот на Енвер Хоџа а околу нив фрчеа куршуми и бомби. Ја следеше авионската катастрофа во Охрид, езерската трагедија на бродот Илинден…

Беше прв што го забележа со камера доаѓањето на првиот македонски војник во нашата македонска армија како и заземањето на првата македонска караула на која започна да се вее македонското знаме кај Св. Наум…

Секако имаше и стотици релаксирани прилози особено Охридско, Балканскиот фестивал и низа успеси на многу личност во многу области што го прават животот поубав.

Неповторливи времиња ќе рече тој. По осамостојувањето на Македонија и ние новинарите ја сфативме таа задача дека градиме држава. Работевме со елан без да гледаме на часовникот и дали е ден или ноќ.

Сашо Нелоски со камера и без неа со соработниците сниматели ги издржа сите голготи и на самата куќа и Дописниот центар во Охрид, простор убаво замислен да се развива а некој за жал дозволи да пропадне.

Нелоски во медумската заедница во Охрид важи за едно од најобјективните новинарски пера, респектиран од колегите но и од соговорниците сите овие години наназад.

Денес му е роденденот а од утре  ново поглавје во животот. Ќе почне да му тече пензискиот стаж.

Токму, јас неговиот колега Милчо Јованоски му посакувам да има челично здравје, никаков стрес, убава пензија и како што често се шегуваме да ме чека за околу две и пол години заедно да седнеме на клупа близу езерото и безгрижно да ги минуваме деновите. И како сите пезниоенри да си кажуваме: – Ех како беше во наше време…

И дозволете да бидам  малку личен и директен. Тоа не значи дека го узурпирам сопствениот медиум за сопствена промоција, туку напротив во многу случаи сум зборувал и пишувал за другите отколку за себе.

Сашо и јас речиси истовремено, во разлика од еден месец ја започнавме професионалната кариера. Тој во РТС јас во Радио Охрид.

Нашата професионална дружба прерасна во едно нераскинливо пријателство кое еве трае и по близу четири децении. Никогаш не сме покажале љубомора еден на друг, ниту сме се дружеле од некаков интерес. За нас веста и убавиот прилог биле на врвот.

Како ретко кој сме биле и се надевам и натаму ќе бидеме поткрепа еден на друг.

Чинам дека никој не го познава повеќе од колегите колку јас него и обратното. И кога солзите почнувале да течат и кога на радоста и’ немало крај. Секако, обострано.

Благодарение на него го искусив и новинарскиот телевизиски израз, како што во Радио Скопје вратата за тоа ми ја отвори покојниот колега Јаким Каневче.

Секако имало и по некоја кавга и недоразбирање. Не траеше ни повеќе од пет минути. Или јас или тој не ќе издржевме  и ќе ѕвоневме, да се извиниме и разбереме и ќе продолжевме како ништо да не било

Драг колега денеска слави го роденденот а од утре, сврти нова страница. И не заборавај, те чекам да ме викнеш на бурек и парче торта…

И така секој ден нека ти биде поубав од претходниот. Биди жив и здрав …

П.С.

Сашо не сум сигурен дека кажав се’ за тебе. Знам имам уште многу случки рамни на анегдоти. Ама ај – не е се за јавност. И да по малку ти се лутам што секогаш ме одбиваш за интервју, од оние исповедните во „Мојот живот, мојот свет“. Ќе бидам поупорен времето е пред нас.

Милчо Јованоски  

Публицитет.мк

Посетеност: 991
Share
Previous Post

Јахја Кемал Струга со бронзен медал на европско ниво

Next Post

“Евровизија 2026” почнува вечерва!

Next Post
“Евровизија 2026” почнува вечерва!

"Евровизија 2026" почнува вечерва!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 991

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk