Американската супер ѕвезда Бијонсе ја доби главната награда на доделувањето на MTV Video Music Awards. Со својата песна „Formation“ таа победи во категоријата „Видео на годината“.
Бијонсе ја одушеви публиката во Медисон сквер гарден во Њујорк со својот настап, на кој не му недостасуваше и политички ангажман. Ѕвездата пристигна на црвениот тепих во Њујорк во придружба на мајките на четворица афроамериканци кои беа убиени од американската полиција во последните две години.
Номинирани во категоријата Видео на годината беа и Адел (“Hello”), Џастин Бибер (“Sorry”), Канје Вест (“Famous”) и Дрејк (“Hotline Bling”).
Извор: www.dw.com