• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Д-р Кристина И.Стојаноска – Алоска: „Шест основи на детското орално здравје“

декември 20, 2015
in Uncategorized

 

 Во рамките на Неделата на забоздравствена заштита Црвен крст – Охрид деновиве го промовираше прирачникот „Насмевка без кариес“ од д-р Кристина И. Стојаноска – Алоска посветена на сите деца и нивните родители. 

Публицитет.мк со дозвола на авторката во неколку наврати ќе пренесе делови од прирачникот во интерес на оралното здравје на луѓето кои се потенцијални паициенти на стоматолозите. Но пред да се лечи, можеби некој може да го спречи- особено ова се однесува за навиките на децата и нивната забоздравствена култура. Не случајно започнуваме со нив.

1.Прв и основен темел за детското орално здравје е хигиената на устата. Децата треба да се научат дека забите треба да се четкаат најмалку 2 пати (наутро и навечер) и доколку има потреба т.е. доколку запчињата се збиени треба да се употребува забен конец. Родителите треба да му асистираат на своето дете до возраст од 6-7 години и да го научат на правилна техника на четкање на забите секако претходно во консултација со стоматолог. Исто така, родителите заедно со детето треба да направат календар на кој ќе го напишат распоредот за регуларните дентални прегледи.

2. Превенција од кариес е втората важна основа за детското орално здравје. Најголемата заштита од кариес претставува оралната хигиена т.е. употребата на паста за заби со флуор. Залевањето на фисурите кое го врши стоматологот на трајните молари и премолари веднаш по нивното никнување игра значајна улога во спречувањето на појавта на кариес.

3. Оралните навики се третата важна основа. Да се развијат добри орални навики кај детето уште од најмала возраст е многу значајно за неговото орално здравје. Тоа подразбира дека детето треба да распознава што е добро, а што има лошо влијание врз неговите заби. Притоа е важно да му се објаснат последиците врз забите и воопшто врз оралното здравје од лошите навики.

                                       dete zabi 1

4. Проблеми со забите може да се јават уште од најмала возраст. Шуплините кои настануваат на забите предизвикани од кариозен процес може да бидат многу болни. Тие треба да се истретираат и да се пополнат со пломби. Родителите треба да се грижат за млечните заби исто како и за трајните.

5. Исхраната на детето игра важна улога врз детското орално здравје. Родителите треба да внимаваат што јаде нивното дете. Тие треба да форсираат здрава храна, а да го лимитираат внесот на шеќери.

6. Едукацијата на детето игра важна улога во осознавањето на детето за важноста на оралното здравје. Учењето за забите родителите треба да го претворат во забава. За доброто орално здравје детето треба да учи користејќи образовни активности поврзани со оралното здравје преку сложувалки, игри, песни и боенки.

 

kristina 

Д-р Кристина И. Стојаноска -Алоска е родена 1984 год. во Охрид. Средно образование завршува во гимназијата “Св. Климент Охридски” , природно – математичка насока, во 2003 год.

Дипломира на Стоматолошкиот факултет  при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 год. Волонтер е во ОО Црвен Крст во Охрид од 2008 година.

 Нејзината прва брошура “ГРИЖА ЗА ЗАБИТЕ“ во издание на ОО Црвен Крст- Охрид е издадена за потребите на Неделата на забоздравствена заштита во 2014 година. 

Публицитет.мк 

                                              

Посетеност: 114
Share
Previous Post

Огнен Неделковски: КАКО ЈА СОЗДАДОВМЕ „МУЗА“

Next Post

ТУРИЗАМ: Колку луѓе месечно ја посетуваат Македонија?

Next Post

ТУРИЗАМ: Колку луѓе месечно ја посетуваат Македонија?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 114

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk