Oд Софија- Валентина Ѓоргиевска Парго
Вечерва, по македонско локално време во 19.30 часот, на Македонската телевизија Прва програма ќе почне преносот на Детска Евровизија 2015. Бугарија е домаќин на 13-тиот натпревар на овој музички фестивал за младата Европа. Шоуто ќе се емитува во живо софиската Арена Армеец, а во улога на водителка ќе биде Поли Генова, кој ја претставуваше Бугарија на Евровизија во 2011 година („На инат“).
17 земји се учеснички во ова издание на фестивалот, меѓу нив и Македонија со дуетот Ивана Петковска и Магдалена Алексовска и нивната авторска песна „Плетенка“, во аранжман на Ристо Самарџиев и Кристијан Габроски. Со нив ќе настапат и неколку балерини. Темата на натпреварот оваа година е #Discover а учесниците ќе изведат песна со ист наслов ,за време на концертот вечерва. Нашата екипа е подготевна целосно.
Двете претставнички се во одлично расположение, потврдува шефот на делегација Раде Спасовски. Вчера за време на пробата откажал микрофното и се создала мала тензија, но техничкиот проблем набрзо бил решен. -Магдалена и Ивана се целосно подготвени, со нетрпение го очекуваат вечерашниот настап,. А деновиве ги поминуваа во максимално дружење со сите учесници, во пеење на караоке забавите во Еуро клубот во хотелот Хилтон (каде се сместени нашата и сите други делегации), во посета на музеи и знаменитости на Софија, во екскурзиите кои беа организирание од страна на домаќинот, кој навистина се труди се да е на свое место, изјави Спасовски. Во македонската делегација е и Љупчо Мирковски и Мери Попова од МТВ. Родителите на децата доаѓаат вечерва да навиваат за нив. Македонија настапува деветта.
Редоследое е Србија, Грузија, Словенија, Италија, Холандија, Австралија, Ирска, Русија, Македонија, Белорусија, Арменија (која важи за главен фаворит), Украина, Бугарија, Сан Марино, Малта, Албанија и Црна гора. Двете земји, Ирска и Австралија, се по прв пат на фестивалот. Натпреварот освен што ќе се емитува во живо во 19.30 часот, ќе биде емитуван во живо на официјалниот сајт. Исто така можете да бидете во тек со сите случувања на Фејсбук, Инстаграм, Твитер и јescofficial.
Публицитет.мк