Бојан и Само Тони се невообичаена и енергична комбинација, којашто се спојува на сцената во Terazza Aquarius неколку пати во годината, како посебен проект на организаторите и желба на публиката. Имено, Бојан Трајчески и Антонио Ристески познат како Само Тони, се двајца самостојни музичари. Бојан зад себе има безброј настапи, додека Тони е член на one man band (свири на повеќе инструменти, а пее и воедно) заедно со уште две млади девојки кои се вокали на бендот наречен „Само Тони и Две Жени“.
Завчера, токму во Aquarius, беше нивниот трет и последен настап за ова лето, затоа пред самиот настап, одлучивме да направиме едно мало интервју со самите ѕвезди на ноќт
Како дојдовте до идејата да правите заеднички свирки?
Тони: Бојан имаше свирка и дојде до случај да му треба замена, па ме викнаа мене и тогаш Бојан сфати дека јас како еден човек можам да ги заменам.
Бојан: Токму така, најпрво го викнав како замена, а подоцна сфативме дека многу добро звучиме заедно и така продолживме да работеме заедно. Но, исклучиво за Aquarius.
Тони: Да, специфично за овој проект, настапуваме исклучиво во Aquarius. Тоа се неколку настапи во целата година.
Бојан: Овој ни е трет летово.
Тони: Точно, но и се чувствуваме добро тука, добра е атмосферата, а и луѓето
Каков тип музика свирите најчесто?
Бојан: Најповеќе се задржуваме на класик-рок, а и свириме и поп-рок.
Тони: Едноставно свириме многу добри светски хитови, на кои треба луѓето да се потсетат, на квалитетот на таа музика и се надеваме дека успеваме во тоа.
Кои се вашите идоли?
Тони: Мене Бојан, а на Бојан јас, ха, ха.
Бојан: Баш така, ха, ха.
Тони: Никогаш не сум застанал на едно, секогаш сакам да слушам, да апсорбирам повеќе музика, повеќе изведувачи, така што не би можел да одвојам некој кој би ми бил идол. Но, од басистите би можел да го издвојам Виктор Вутен.
Што правите во слободно време?
Тони: Мене професија ми е музиката, но и хоби ми е музиката. Целиот ден ми е опфатен со музика, со проби, со настапи насекаде. Единствениот терет кој го гледам во целата таа работа е целиот пат поминат од еден настап на друг, бидејќи настапувам во многу различни градови со својот бенд.
Бојан: Исто и мене музиката ми е хоби, но можам да напоменам дека се занимавам со менаџирање на фолклорно друштво и големата придобивка од тоа е што организирам многу патувања.
Дали имате трема пред настап?
Тони: Само онаа позитивна трема. Може да се каже дека јас имам плус уште една минимална трема, а таа е во местењето на инструментите и правењето на тонската проба. После тонската проба си пијам едно пивце и сум спремен за да го почнам настапот.
Имате ли заеднички идни планови?
Бојан: Иден план- уште една свирка во Aquarius, не за брзо, но за месец-два сигурно, пак би биле тука.
Порака до нашите читатели?
Тони: Бидете дел од Aquarius, бидете дел од начинот на живеење тука, начинот на којшто се прават свирки тука, друштвото, имајте ги најубавите спомени баш во овај локал и до следен пат бидете дел од некои од нашите идни свирки.
Бојан: Во секој случај, слободно посетете не` на следната свирка, за заедно да се забавуваме.
Разговараше: Дамјана Видическа, Публицитет.мк