Мажите имаат далеку помали шанси за остеопороза од жените, иако може да имаат полоши последици од оваа болест. Процените се дека околу два милиони американски мажи имаат остеопороза, а 8 до 13 милиони луѓе имаат ниска густина на коските, што е предуслов за остеопороза.
Повеќето жени во истражувањето рекле дека би прифатиле скрининг за остеопороза, а само 25 % од мажите се сложиле на тоа. Жените повеќе од четири пати од мажите преземаат мерки за спречување на остеопороза, земање на калциум и витамин Д, како и слични додатоци.
„Бевме изненадени колку е голема разликата помеѓу мажите и жените кога станува збор за остеопороза“, изјавила авторката на студијата д-р Ирина Дашкова, геријатриски соработник од здравствениот систем „Норт Шор-ЛИЈ“ во Њу Хајд Парк, држава Њу Јорк.
„Позитивен е фактот дека долговечноста расте кај американската популација, но ние знаеме, на основа на истражувања дека мажите имаат скршеници поради остеопороза, нивниот морталитет е поголем отколку кај жените и со потешки медицински последици поради слабата густина на коските. Во нашето опкружување се смета дека остеопорозата е женски проблем, а не машки и тоа мора да се промени, што порано, тоа подобро“, рекла д-р Ирина Дашкова во соопштението.
Резултатите се неодамна објавени на годишниот состанок на Американското геријатриско друштво во Вашингтон.