Марија Груева е од Охрид, а живее во Холандија и како електро инженер работи во компанијата Philips
Ја прашавме преку Фејсбук – Што за неа претставува фотографирањето?
-Со фотографија почнава да се занимавам пред 3 години. Отидов на базичен курс за фотографија и од тогаш ми се отвори нов свет. Често го влечкам фотоапаратот со мене, и во еден таков случен момент го “начекав” скокот од Кукуле ( Канео ) Охрид.
Често слушаме дека заради фотографирање ја губиме директната конекција со светот, дека фотографираме “experience“искуство на место да го живееме истото. За мене сепак е обратното. За да овековечам некој момент, понекогаш се случува да легнам и на земја, во кал (еднаш успеав да паднам и во ров), тоа ме прави да се фокусирам на убавината што не опкружува. На некој начин за мене фотографијата е “побогат” поглед и доживуваење на работите околу нас, вели Марија Груева.
Публицитет.мк