Ова се 7-те избрани финалисти за автомобил на годината во Европа – 2016
Традиционалниот избор за европски автомобил влезе и во последната фаза, откако жирито ги објави 7-те финалисти кои ќе се борат за круната автомобил на годината во Европа за 2017-та година. Краткиот список на кои се напишани прогласените 7 финалисти се автомобили кои претходно беа дел од 30-те предложени автомобили за учество во овој “натпревар”, а ќе бидат оценувани од 58 новинари од вкупно 22 земји членки на европската унија.
Прогласувањето на победникот ќе се одржи во март месец идната година на авто саемот во Женева, а како официјални кандидати за автомобил на годината во Европа за 2016-та година се:
– Alfa Romeo Giulia, Citroen C3, Mercedes-Benz E class, Nissan Micra, Peugeot 3008, Toyota CH-R и Volvo V90 & S90.
Извор: www.rpm.mk