По повод премиерата на остварувањето „Снупи и Чарли Браун: филм за дружината 3D“ која ќе се одржи на 5 ноември „МЦФ МКД“ организира награден конкурс наменет за сите кои ги сакаат анимираните филмови и дизајнот, и ги повикува да искреираат свој постер за овој филм.
Наградата за авторите на најдобриот постер, според проценката на Ruki Chuki(http://rukichuki.com/), познат графички дизајнер, ќе биде голем кадифен Снупи и уште пет интересни подароци со мотиви од филмот.
Освен најдоброто решение, дизјнерот ќе избере уште неколку постери кои заедно со победничкиот ќе бидат испечатени и изложени на “Изложбата за дружината“во холот на киното Синеплекс. Креациите треба да се испратат на bojan.stanisik@megacom.mk .
Конкурсот трае од 21 до 30 октомври.
Последен пат Чарли Браун и дружината на големото платно се појавија во 1980 г. во филмот “Bon Voyage, Charlie Brown (And Don’t come Back!)” чиј продуцент беше синот на креаторот Чарлс Шулц, Грег Шулц. Дружината на Чарли Браун живееше воглавно низ стрипот чие оригинално име е “Peanuts” и кој во американските весници излегува од 1950 г. Сега сите фанови на Снупи, Чарли Браун и останатиот дел од дружината ќе можат да ги видат во кината од 5 ноември во 3D технологија.
Пропозиции на конкурсот „КРЕИРАЈ СВОЈ ФИЛМСКИ ПОСТЕР“
– Постерот мора да биде оригинален. За дизајнот на постерот не смеат да се користат никакви оригинални визуелни елементи од филмот или елементи од оригиналниот филмски постер (фотографии, оригиналниот дизајн на насловот на филмот).
– При изработката на постерот може да се користат сите техники.
– Освен оригиналното визуелно решение, постерот треба да ги содржи и следниве информации: насловот на филмот – „Снупи и Чарли Браун: филм за дружината 3D,како и „Во кината од 5 ноември“
– Постерот со димензии 50×70 cm, 300 dpi (.tif формат) треба да се испрати преку некој од бесплатни сервиси за трансфер (sendspace.com, wetransfer.com) на адресата bojan.stanisik@megacom.mk
– Во прилог на мејлот треба да се испрати и намалена слика од постерот како jpeg. Фајл со големина до 2 MB
– Потребно е да се наведе точното име и презиме на авторот, како број на телефон
– Крајниот рок за испраќање на креациите е 30 октомври 23:00 часот.
– Сите креации кои жирито ќе ги одобри ќе бидат објавени на Фејсбук страната на МЦФ МКД (www.facebook.com/MFCMakedonija)
Името на авторот на најуспешното решение, како и останатите автори чии решенија ќе бидат изложени ќе бидат објавени на 31 октомври на фејсбук страницата на МЦФ МКД.
Публицитет.мк