• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, септември 18, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Со што да се храните за да не боледувате во зима

декември 9, 2015
in Uncategorized

Иако вирусите се присутни во секое време од годината, сепак во текот на зимата шансите да се разболите значително се зголемуваат.

 Ова се должи на падот на температурните вредности, што пак носи многу болести со себе.

Ако сакате да се заштитите од непријатните грипови, треба да го засилите својот имунолошки систем. Најлесно може да го направите ова, ако се храните на соодветен начин. Имено, ако ги вклучите следните видови храна кон редовното мени:

Црвени пиперки

Знаете ли дека витаминот Ц е од суштинско значење за стимулирање на имунолошкиот систем? А дека во црвените пиперки се содржи двојна доза од овој витамин во споредба со цитрусните плодови? “Конзумирање на пет различни порции овошје и зеленчук на ден може да обезбеди повеќе од 200 мг витамин Ц и на тој начин природно да го зајакнете својот имунитет”, советуваат експертите.

Копар

Редовното консумирање на копар, кој содржи околу 20% витамин Ц, ја зголемува отпорноста на организмот кон заразни болести. Внесувањето на копар им овозможува на белите крвни клетки (оние кои ги уништуваат бактериите и вирусите во телото) да работат понапорно, што пак ги намалува шансите за настинка.

Зелен чај

Тој е богат со антиоксиданси, неопходни за здравјето на вашето тело.

Сладок компир

Тие исто така се богати со антиоксиданси и ги подобруваат функциите на клетките.

Лук

И покрај својот заситен мирис, лукот е исклучително моќно средство против болестите во зима. Во него се содржат корисни материи како калциум и калиум, кои го штитат организмот од несакани бактерии.

Куркума

Овој зачин не само што се бори со инфекциите и воспаленијата, но и ја спречува штетата предизвикана од слободните радикали.

Бриселско зелје

Што поубаво од многу хранливи материи, собрани во малку калории? Половина чаша бриселско зелје може да ви обезбеди 50% од препорачаната количина на витамин Ц на ден.

Извор:lokalno.mk

Посетеност: 88
Share
Previous Post

(ВИДЕО) НОВО ОТКРИТИЕ: Измислен пиштол за спасување човечки живот

Next Post

Ученик од Петтата приватна гимназија од Струга дел од Проект на ЕК „Право на работа за сите“

Next Post

Ученик од Петтата приватна гимназија од Струга дел од Проект на ЕК „Право на работа за сите“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 88

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk