• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 22, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Светлана Неделкоска- SBS: „Македонија е како магнет – влечи“

август 2, 2015
in На минување

Летото е период од годината во кој најчесто нашите Македонци распрснати по светот се враќаат во својот роден крај.

Така е и годинава, многу од нив го користат својот одмор да се видат со своите семејства, роднините и пријателите.

„Публицитет.мк“ на плажата Потпеш во Охрид се сретна со Светлана Неделкоска, новинар и водител во СБС – SBS – Австралија, програма на македонски јазик. Таа во Австралија заедно со сопругот Дејан и ќерките Јована и Мелоди живее веќе 10 години и речиси на секои две години одмораат во Македонија.

„Австралија е убава, ама најблиските и Македонија со цела своја убавина е магнетот кој постојано не влече , “ ни рече Светлана. Таа како секој вистински професионалец, дел од одморот ќе го потроши на реализација на повеќе интервјуа со кои ќе ја збогати програмата на која напорно, заедно со колегите: Виолета, Маргарита , Радица и Васе  секојдневно работи, во интерес на големата македонска заедница во Австралија и низ светот.

На маса со ладен шијалак со Светлана проговоривме за секојдневието, обврските, лудото темпо на живот, како и за  состојбите со новнарството во Македонија и Австралија, за 40 роденден на СБС , концептот на македонската програма , која се емитува секој работен ден од понеделник до петок во 12 напладне и трае по еден час… Еве го линкот до нив: http://www.sbs.com.au/yourlanguage/macedonian?language=mk

СБС и штотуку формираниот веб – портал „Публицитет.мк“ ќе започнат заедничка соработка со размена на информации кои се од важност на Македонците и сите кои ја чувствуваат и носат Македонија  во срцата.

Светлана на крај не заборави и ни рече: „На сите Македонци ширум светот им ги честитам двата Илиндена и им посакувам се’ најубаво.  

Публицитет.мк 

Посетеност: 154
Share
Previous Post

Читателите избираат: Мирјана Талеска од Прилеп, професор по македонски јазик и книжевност

Next Post

Моника М. Талеска: „Втори Август 2015-та, недела … во моето огледало!“

Next Post

Моника М. Талеска: „Втори Август 2015-та, недела ... во моето огледало!“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 154

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk