Песната е од 1990 година Фолк фест „Валандово“, направена во соработка со Григор Копров,а аранжманот е на Миодраг Божиновски, вели Орце Зафировски.
Оваа новокомпонирана песна е во изведба на Перо Христов, авторот на текстот Орце Зафировски, кој е еден од најплодните и најквалитетни македонски текстописци, за Публицитет.мк ја открива приказната за нејзиното создавање пред 26 години.
-Во тој период јас бев на почетокот на својата кариера и текстот ми го одбра Копров за да го компонира за Фолк-фест „Валандово“. Моја желба беше песната да ја отпее Гоце Николовски, но тој веке имаше одбрано друга песна.
Следен на листата на моите желби беше Милан Бабиќ ,но Копров тогаш се’ уште немаше сознание дека тој иако е Србин ,одлично пееше и на македонски јазик,така што песната му ја додели на сосема трет пеач,кој со оваа песна стекна популарност и до ден денес таа е негова музичка лична карта.(како што изјавува и самиот)
Драго ми е што и по толку години,оваа песна се’ уште се врти и слуша на радио-програмите, и што е своевиден евергрин во фолк-музиката, вели Зафировски.
“ ВО ЦРНО ВИНО УТЕХА НЕМА”
1.
ПИЈАМ ЗА ТЕБЕ,ЈАДОВИ ПУСТИ,
ШТО ДРУГ ГИ ЉУБИ ТВОИТЕ УСНИ,
ШТО ОД МЕНЕ ДРУГ ТЕ ЗЕМА,
А УТЕХА МЕНЕ ЗНАМ МИ НЕМА.
ПИЈАМ ЗА ТЕБЕ,ЗА СУДБА НАША,
ОЧАЕН КРШАМ ЧАША ПО ЧАША,
А ШТО МИ СЕ КРИВИ ТИЕ,
ШТО ЗАЕДНО НЕ СМЕ СЕГА НИЕ.
РЕФ
ВО ЦРНО ВИНО УТЕХА НЕМА,
ДРУГ МИ ТЕ ЗЕМА,ТОЈ СРЦЕ НЕМА,
ТОЈ ШТО ТУЃА СРЕЌА КРАДЕ
ПРОКЛЕТ ДА Е,БОГ ДА ДАДЕ!
2.
ПИЈАМ ЗА ТЕБЕ,ПИЈАМ ДО ПАРА,
ДУША ВО ВИНО ЗАБОРАВ БАРА,
А ЗНАМ ДЕКА НЕ ЌЕ НАЈДЕ,
И ДА ПИЈАМ НЕМА ФАЈДЕ!
Публицитет.мк